18.05.2013г. Соопштение за медиуми-измена на дозволата за вршење на радиодифузна дејност

image_pdfimage_print

Скопје, 18.05.2013г. Со влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за радиодифузната дејност, се создадоа законски услови за преминот од аналогно на дигитално емитување на телевизискиот сигнал во Република Македонија.

Аналогниот телевизиски сигнал се исклучува на 31 мај 2013 година и по овој датум постојните телевизиски радиодифузери кои аналогно емитуваат на државно, регионално или локално ниво немаат право да ги користат радиофреквенциите за аналогно емитување доделени од Агенцијата за електронски комуникации. Доколку не им се измени постојната дозвола за вршење радиодифузна дејност, таа престанува да важи од 1 јуни 2013 година.

Сите телевизии што планираат да продолжат со вршење радиодифузна дејност, а ја емитуваат програмата аналогно, терестријално, без исклучок, треба да побараат промена на техничкото средство преку кое ќе се врши емитувањето, во рок од 5 дена од влегувањето во сила на законските измени, односно заклучно со 21 мај 2013 година. Локалните телевизии имаат можност да го променат и подрачјето на емитување, така што ќе станат регионални телевизии.

Повеќе детали за условите и начинот на којшто можат да се извршат неопходните промени на дозволата за вршење радиодифузна дејност се достапни на веб страницата на Советот: www.srd.org.mk, во Упатството за телевизиските програмски сервиси за измена на дозволата за вршење радиодифузна дејност.



Accessibility

Accessibility