05.09.2013г. Денес се одбележаа 16 години постоење на Советот за радиодифузија

image_pdfimage_print

Скопје, 05.09.2013г. Советот за радиодифузија (СРД) на својата 42-ра седница го прослави своето 16-годишно постоење.

 

Претседателот на СРД, д-р Зоран Трајчевски, се осврна на еден од најзначајните настани во македонската медиумската сфера – дигитализацијата на телевизискиот сигнал и изработка на Стратегија за развој на радиодифузната дејност на РМ во периодот 2013-2017. Советот ревносно ја следеше сопственичката структура на медиумите, почитувањето на програмските обврски на радиодифузерите од Законот за радиодифузната дејност, подзаконските акти и дозволата за вршење радиодифузна дејност.

“Со Законот за аудио и аудиовизуелни услуги Советот за радиодифузија прераснува во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиуми. Без разлика како ќе се вика ова регулаторно тело, она што можам да ви го ветам е дека и понатаму ќе се грижиме за слободни медиуми, за правото на секој граѓанин, политичка партија, невладина организација да го искаже своето мислење, за правото на граѓаните да имаат разновидна и квалитетна програма.” – рече претседателот на СРД, д-р Зоран Трајчевски.

Краток осврт за работењето на Советот во текот на изминатава година имаше и заменик претседателот на СРД, д-р Милаим Фетаи.



Accessibility

Accessibility