03.10.2013г. Посета на амбасадорот Герт Хајнрих Аренс, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на Локалните избори 2013

image_pdfimage_print

Скопје, 3 октомври 2013 година.  Советот за радиодифузија го посетија амбасадорот Герт Хајнрих Аренс, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на Локалните избори 2013 и Тамара Отиашвили, советник за избори.

Целта на посетата беше да се дискутираат наодите и препораките претставени во Конечниот  извештај на Набљудувачката мисија за  избори на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори одржани во Република Македонија оваа година, чекорите кои можат да се преземат за усогласување на изборната легислатива со заложбите на ОБСЕ и формите на соработка во насока на имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Поконкретно, се дискутираше за назначувањето на членовите на Советот за радиодифузија и обезбедувањето на нивна професионалност и непристрасност, конкретизирање на условите за емитување на бесплатното политичко претставување, прецизирање на одредбите за медиумско претставување при втор круг на избори и донациите за изборни кампањи.

Од страна на заменикот на претседателот на Советот за радиодифузија д-р Милаим Фетаи и членот на Советот за радиодифузија Лазо Петрушевски беше посочено дека сите препораки дадени во Конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, Советот за радиодифузија ги имплементираше во предлозите за изменување на изборната легислатива, поднесени во рамките на Работната група за измени и дополнувања на Изборниот законик.



Accessibility

Accessibility