Скопје, 21.11.2013г. Имајќи ги предвид улогата и влијанието на телевизијата врз донесувањето на важни одлуки за економски и социјални прашања, прашањата поврзани со конфликти и со заканите за мир и безбедност на глобално ниво, Генералното собрание на Обединетите Нации, со Резолуцијата 51/205 од 14 декември 1996г. го прогласи денешниот ден, 21 ноември за Светски ден на телевизијата.
Во годините од нејзиното појавување до денес, телевизијата стана еден од највлијателните медиуми, кој и се нуди на публиката од сите возрасти, националности и социјален статус ширум светот.
Советот за радиодифузија на ТВ станиците им го честита Светскиот ден на телевизијата и им препорачува на сите медиуми, доколку се во можност, да го одбележат овој ден, со фокусирање на значењето на телевизијата во негување на слободата на изразување, во ширењето на информациите и знаењето и во зачувувањето и унапредувањето на културната разноликост.