Скопје, 22.11.2013г. Советот за радиодифузија, на 08 ноември 2013 година, усвои Правилник за техничките, просторните, финансиските и кадровските услови за добивање на дозвола за вршење на радиодифузна дејност.
Поконкретно, со Правилникот се пропишани техничките и просторните услови, стандарди и параметри, бројот и структурата на вработените потребни за вршење на дејноста, и финансиските услови, што радиодифузерите треба да ги исполнат за да емитуваат програма на локално, регионално и државно ниво.
Со оглед на тоа што Правилникот се однесува и на радиодифузерите кои веќе имаат добиено дозвола за вршење радиодифузна дејност, Советот за радиодифузија, на 19, 20 и 22 ноември 2013 година одржа состаноци со постојните радија и телевизии. Целта на состаноците беше да се објаснат обврските кои произлегуваат од Правилникот и да се отвори дискусија за да се разјаснат евентуалните нејаснотии во врска со него.