1

Имате ли радио емисии посветени на родовата еднаквост?

Светскиот ден на радиото, 13 Февруари, во 2014 година, УНЕСКО го посветува на „Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените преку радиото“. Целта е да се подигне свеста за прашањата на родовата еднаквост во и преку радиото.

Советот за радиодифузија ги повикуваа радиодифузерите кои би биле вклучени на „Светската мапа на водечки радиопрограми за родот“, а имаат радиопрограми кои обработуваат прашања на родот и родовата еднаквост, да го известат Советот за радиодифузија, најдоцна до 10 декември 2013 година. Доколку емисијата се наоѓа на веб страницата на радиодифузерите, тие треба да испратат линк до неа или да не известат доколку има веб стриминг или да ни испратат аудио документ во .mp3 формат.

За сите прашања радиодифузерите можат да се обратат до лицето за контакт Емилија Петреска – Камењарова (02/3103-428, e.petreska@srd.org.mk).