Советот за радиодифузија и Државниот Универзитет во Тетово потпишаа Меморандум за соработка

image_pdfimage_print

Тетово, 19.12.2013г. Унапредување на соработката во рамките на организирање на заеднички активности, како семинари, конференции, работилници, размена на досегашни и нови искуства,

како и креирање на други активности кои би биле во функција на заедничките интереси, се главните области предвидени во Меморандумот за соработка, што го потпишаа претседателот на Советот за радиодифузија д-р Зоран Трајчевски и ректорот на Државниот Универзитет во Тетово проф. д-р Вулнет Амети, во просториите на Ректоратот на Државниот Универзитет во Тетово.

Меморандумот за соработка помеѓу СРД и ДУТ е резултат на потребата за развој и унапредување на партнерските односи помеѓу овие институции.



Accessibility

Accessibility