Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одржа состанок со операторите на јавни комуникациски мрежи, чија цел беше претставниците на операторите на јавни комуникациски мрежи да се запознаат со обврските кои за нив произлегуваат од новодонесениот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. На состанокот,
претседателот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски и раководителот на Секторот за спречување на пиратерија и заштита на авторското право и сродните права, Слободан Беличански акцентот го ставија на обврската за програмски надзор од страна на Агенцијата, титлувањето на странските телевизиски програмски сервиси, водењето регистар на оператори на јавни електронски комуникациски мрежи во Агенцијата, обврската за плаќање годишен надоместок за надзор од страна на операторите и обврската на операторите за континуирана испорака на излезниот сигнал до регионалната локација определена од страна на Агенцијата, заради обезбедување на негова достава до системот за програмски мониторинг во седиштето на Агенцијата во Скопје.
Операторите, со своето учество и активност во расправата, искажаа интерес за новите законски решенија и подготвеност за почитување на новата законска и подзаконска регулатива чие донесување ќе следи.
Презентацијата од состанокот можете да ја видите на следниов линк: тука.