25.02.2014г. Одржани обуки со радиодифузерите во врска со Изборниот законик и Методологијата за мониторинг за време на изборни процеси

Скопје, 25.02.2014г. – Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги одржа неколку обуки со радиодифузерите во врска со нивните обврски од Изборниот законик во поглед на известувањето во периодот од распишување на Претседателските избори 2014 година до почетокот на избрната кампања,[…]

Повик за доставување забелешки по Нацрт – Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и Нацрт – Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање

Скопје, 18.02.2014г – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 9-та седница одржана на 18 февруари 2014 година ja усвои Нацрт – Пријавата за евидентирање во регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање и Нацрт – Регистарот на даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.[…]

Советување на тeма “Заштитa нa авторското право и сродните права при вршење на дејностите/активностите на кабелска ретрансмисија“

Битола, 13.02.2014г. – Академијата за судии и јавни обвинители организираше советување на тема “Заштитa нa авторското право и сродните права при вршење на дејностите/активностите на кабелска ретрансмисија“, кое се одржа на 13 февруари 2014 година (четврток), во просториите на Апелациониот суд Битола.[…]

Повик за доставување забелешки по Нацрт – регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети, Нацрт – Регистарот на издавачи на медиуми и Нацрт – пријавата за евидентирање во регистарот на ОЈКМ и регистрација на програмски сервиси

Скопје, 13.02.2014г – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 8-та седница одржана на 13 февруари 2014 година го усвои Нацрт-регистар на оператори кои реемитуваат програмски пакети, Нацрт – Регистар на издавачи на медиуми и Нацрт – пријава за евидентирање во регистарот на оператори на јавни комуникациски мрежи и регистрација на програмски сервиси.[…]

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го честита Светскиот ден на радиото

СКОПЈЕ, 13.02.2014г– 13 февруари е Светскиот ден на радиото, ден кога радиото се слави како медиум кој ги едуцира луѓето, обезбедува информации и ја промовира слободата на изразување во различните култури. Целта на одбележувањето на овој ден е да се зголеми свеста на јавноста и медиумите за значењето на радиото,[…]

05.02.2014г. Одржана прес-конференција на тема „Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии“

Скопје, 05.02.2014г. Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација и телекомуникацискиот оператор „ONE”, денес одржаа прес – конференција на која беше презентиран проектот за мониторинг на регионалните телевизии.[…]

04.02.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите да известуваат професионално

СКОПЈЕ, 04.02.2014г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува медиумите дека при информирањето за општествените теми и настани, а особено за време на чувствителни периоди како што се  изборните кампањи, треба да водат сметка за почитување на професионалните новинарски стандарди и принципи и начелата утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.[…]

Закажана прес-конференција на тема „Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии“

Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и телекомуникацискиот оператор „ONE’ ќе одржат прес – конференција на тема „Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии“.[…]

03.02.2014г. Радиодифузерите да достават ценовници за платено политичко рекламирање најдоцна до 6 февруари 2014г.

Скопје, 03.02.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите на обврската за утврдување и доставување ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес. Имено, согласно одредбите од член 75-ѓ од Изборниот законик,[…]



Accessibility

Accessibility