Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, заедно со Министерството за информатичко општество и администрација и телекомуникацискиот оператор „ONE’ ќе одржат прес – конференција на тема „Презентација на проектот за мониторинг на регионалните телевизии“.
Прес – конференцијата ќе се одржи на 5 февруари 2014 година (среда), во 12:00 часот, во салата за состаноци на Агенцијата за аудио и aудиовизуелни медиумски услуги (бул. „ВМРО“ бр.3, Скопје).