Повик за доставување забелешки по Нацрт – регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети, Нацрт – Регистарот на издавачи на медиуми и Нацрт – пријавата за евидентирање во регистарот на ОЈКМ и регистрација на програмски сервиси

image_pdfimage_print

Скопје, 13.02.2014г – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 8-та седница одржана на 13 февруари 2014 година го усвои Нацрт-регистар на оператори кои реемитуваат програмски пакети, Нацрт – Регистар на издавачи на медиуми и Нацрт – пријава за евидентирање во регистарот на оператори на јавни комуникациски мрежи и регистрација на програмски сервиси.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни во рок од 7 (седум) дена да достават забелешки по наведените документи, на следната е-адреса: contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, Скопје.

Нацрт – регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети можете да го преземете тука.

Нацрт – регистарот на издавачи на медиуми можете да го преземете тука.

Нацрт – пријавата за евидентирање во регистарот на оператор на јавни комуникациски мрежи и регистрација на програмски сервиси можете да ја преземете тука.



Accessibility

Accessibility