Советување на тeма “Заштитa нa авторското право и сродните права при вршење на дејностите/активностите на кабелска ретрансмисија“

image_pdfimage_print

Битола, 13.02.2014г. – Академијата за судии и јавни обвинители организираше советување на тема “Заштитa нa авторското право и сродните права при вршење на дејностите/активностите на кабелска ретрансмисија“, кое се одржа на 13 февруари 2014 година (четврток), во просториите на Апелациониот суд Битола.

Излагачи беа, Претседателот на Координативното тело за интелектуална сопственост, експертот за авторски и сродни права од ФОН Универзитетот и претставниците од Секторот за пиратерија и заштита на авторското право и сродните права од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Целта на советувањето беше да се даде преглед на законската рамка за остварување и заштита на авторското право и сродните права привршење на дејностите/активностите на кабелска ретрансмисија, како и размена на мислења и искуства помеѓу претставниците на релевантните институции во врска со темата.

На Советувањето посебно внимание им  беше посветено на надлежноста на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на заштитата на авторското право и сродните права и постапката на надзор на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и кривичната одговорност на правните и физичките субјекти согласно член 157-а од Кривичниот законик на Република Македонија, со примери од праксата.

Презентацијата на надлежноста на Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во однос на заштитата на авторското право и сродните права при вршење на дејностите/активностите на кабелска ретрансмисија можете да ја преземете тука.



Accessibility

Accessibility