Скопје, 17 март 2014г. Операторите на јавни електронски комуникациски мрежи да достават извештаи за вкупниот годишен приход во 2013 година најдоцна до 25 март 2014г.

Операторите на јавни електронски комуникациски мрежи (ОЈЕКМ) кои реемитуваат пакети со програмски сервиси и давателите на аудиовизуелни медиумски услуги по барање кои обезбедуваат аудиовизуелни медиумски услуги по барање, се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, до 17 март 2014 година да достават извештаи за вкупниот годишен приход во 2013 година,

остварен со реемитувањето на програмски сервиси или со обезбедувањето на аудиовизуелни медиумски услуги по барање (член 142 став 1, 2 и 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги).

На оние ОЈЕКМ и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање кои до 17 март 2014г. немаат доставено вакви извештаи, им се дава дополнителен рок за доставување на извештаите – заклучно со 25 март 2014г. За недоставување на извештај за износот на вкупниот годишен приход од претходната година, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги пропишана е глоба од  5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 500 до 1.000 евра за одговорното лице.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе покрене прекршочна постапка против сите оператори на јавни електронски комуникациски мрежи и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, кои нема да ја исполнат обврската за доставување на извештаи во наведениот рок.



Accessibility

Accessibility