Од 19 март да не се објавуваат резултати од испитувања на јавно мислење

Скопје, 19.03.2013г.  – Советот за радиодифузија ги потсетува радиодифузерите дека веќе започна периодот од 5 дена пред денот определен за одржување на изборите во кој, според изборната регулатива, не смеат да се објавуваат резултати од испитување на јавното мислење.

Роковникот на Државната изборна комисија го посочува 24:00 часот на 18 март, како последен рок за објавување вакви информации.

Согласно Правилникот за рамноправен пристап во медиумското претставување за време на изборна кампања, телевизиите и радијата треба да внимаваат и дека резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите (24 март) не смеат да се објавуваат пред 19:00 часот, односно пред затворањето на избирачките места.



Accessibility

Accessibility