Скопје, 21.03.2014г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира до сите политички партии да не ги злоупотребуваат децата и малолетниците за време на изборните кампањи

Со оглед на тоа што наскоро започнуваат изборните кампањи, односно кампањата за Претседателските избори започнува од 24 март, а кампањата за Парламентарните избори од 5 април, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира до сите политички партии да не ги злоупотребуваат децата и малолетните лица во нивните изборни кампањи.

Согласно одредбите пропишани во Изборниот законик, програмите наменети за малолетната публика не смеат да се користат за изборно медиумско претставување (член 75 став 3) и не е дозволено учество на малолетници во платеното политичко рекламирање (член 76 став 3). Воедно, радиодифузерите не смеат да емитуваат платено политичко рекламирање во вести, посебни информативни програми, образовни и програми за деца, и во преноси од верски, спортски, културни, забавни и други настани (член 76 став 4).



Accessibility

Accessibility