Агенцијата го одржа својот втор јавен состанок

image_pdfimage_print

Скопје, 20.06.2014г. – Денес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврските утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа својот втор јавен состанок. Неговата цел беше да им се овозможи на сите заинтересирани страни да ги изразат своите ставови и мислења во однос на развојот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Република Македонија.

Состанокот го водеа д-р Зоран Трајчевски, Претседател на Советот на Агенцијата и д-р Милаим Фетаи, заменик на претседателот на Советот на Агенцијата. Раководителот на Стручната служба на Агенцијата м-р Андриана Скерлев – Чакар го презентираше статусот на реализација на активностите на Агенцијата од стапувањето на сила на новиот закон, исполнувањето на целите од годишната програма за работа на АВМУ во периодот од 20.03.2014 година до 20.06.2014 година, додека раководителот на Секторот за правни работи Цветанка Митревска се осврна на обврските на Агенцијата, радиодифузерите и операторите по изборот на новите органи на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Искажаните ставови и мислења од вториот јавен состанок, како и ставот на Агенцијата по однос на истите ќе бидат објавени на веб страницата на Агенцијата во рок од седум дена од денот на одржувањето на јавниот состанок.

 

Презентации од состанокот:

– Презентацијата за реализација на активностите и исполнување на целите од годишната програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во периодот од 20.03.2014 година до 20.06.2014 година можете да ја преземете тука.

– Презентацијата за обврски за Агенцијата, радиодифузерите и операторите по избор на новите органи на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги можете да ја преземете тука.


 

pdfИзвештај од Вториот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2014 година



Accessibility

Accessibility