Скопје, 28.10.2014г. – На 15-та седница одржана на 28.10.2014г. Советот на Агенцијата ги усвои следниве Нацрт – Правилници и Нацрт – Упатство:
Нацрт – Правилник за начинот на вршење на видео надзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ![]()
Нацрт-Правилник за нивелација на тонот на аудиовизуелна содржина ![]()
Нацрт-Правилник за условите, начинот и постапката за чување и бришење снимки на радио и телевизиски програмски сервиси ![]()
Нацрт-Правилник за условите, начинот и постапката за издавање копија од снимка на објавена информација во рамките на програмскиот сервис на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво во Република Македонија ![]()
Нацрт-Правилник за безбедност и здравје при работа ![]()
Нацрт-Упатство за начинот на мерење на гледаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите што емитуваат телевизиска програма од Република Македонија ![]()
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни во рок од 30 (триесет) дена, односно најдоцна до 27 ноември 2014 година, да достават забелешки по наведените документи, на следната е-адреса: contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, 1000 Скопје.