Скопје, 05.11.2014г. – На 17-та седница одржана на 05.11.2014г. Советот на Агенцијата ги усвои следниве Нацрт – Правилници и Нацрт – Упатство:
Нацрт – Упатство за примена на одредбите за пласирање производи
Нацрт-Правилник за програми со наградно учествување и за користење телефонски услуги со додадена вредност
Нацрт – Правилник за процедурите на финансиското и сметководственото работење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни во рок од 30 (триесет) дена, односно најдоцна до 04 декември 2014 година, да достават забелешки по наведените документи, на следната е-адреса: contact@avmu.mk или на поштенската адреса на Агенцијата: бул. „ВМРО“ бр. 3, 1000 Скопје.