Скопје, 06.11.2014 г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одржа состанок (јавна расправа) со операторите на јавните електронски комуникациски мрежи, чија цел беше операторите да дадат забелешки, ставови, предлози за
Нацрт-Правилникот за содржината и формата на пријавата за евидентирање во регистарот на оператори кои реемитуваат програмски пакети и на потврдата за регистрација на програмски пакети/сервиси.
Донесувањето на овој Нацрт-Правилник, произлегува од потребата за усогласување на постоечкиот Правилник за регистрација на пакетот програмски сервиси на операторите на јавни комуникациски мрежи со одредбите од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и заради имплементација на член 141 став 3 од истиот Закон.