Одржана работилница на тема “Европската регулаторна рамка и принципите за составување листа со настани од големо значење”

СКОПЈЕ, 07.11.2014 – На 07 ноември Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одржа работилница за европската регулаторна рамка и за принципите при составувањето листа со настани од големо значење за општеството,

во насока на исполнување на законската обврска на Агенцијата да утврди листа со национални и меѓународни настани од големо значење за општеството (со ексклузивни права за емитување).

Воведно обраќање на работилницата имаа директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски и г-дин Шандор Спахиевич, лидер на тимот (IPA TAIB 2009), а презентации имаа м-р Јелена Сурчулија – Милојевиќ, експертка за медиумско право и д-р Снежана Трпевска, експертка за медиумска регулатива. На работилницата се говореше за европската регулаторна рамка, начелата по кои се раководат европските регулаторни тела при составувањето листа со настани од големо општествено значење, македонската регулаторна рамка за настаните од големо значење.

Презентацијата на тема “Европската регулаторна рамка и принципите за составување листа со настани од големо значење” може да ја преземете download



Accessibility

Accessibility