Одржана јавна расправа за осум нацрт – подзаконски акти

Скопје, 10.11.2014– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одржа јавна расправа за следниве подзаконски акти : Нацрт – упатство за начинот на класификација на видовите и аудио програми,

Нацрт – правилник за формите и програмските сервиси на радиодифузерите, Нацрт – правилник за обврските за емитување изворно создадена програма, музика, документарна и играна програма, Нацрт – правилник за емитување европски и аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти, Нацрт – правилник за заштита на малолетните лица, Нацрт – правилник за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за телевизиско и радио емитување, Нацрт – правилник за процедурите на финансиското и сметководственото работење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Нацрт – правилник за формата и содржината на известувањето за промената на сопственичката структура.

На јавната расправа присутни беа претставници на радиодифузери од државно, регионално и локално ниво, како и од други заинтересирани субјекти, кои дадоа забелешки и ставови.



Accessibility

Accessibility