1

Одржана работилница “Саморегулирање и корегулирање во медиумите”

KoreguliranjeСКОПЈЕ,03.12.2014 -На 03 декември, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на проектот „Унапредување на слободата на изразување и информирање и на слободата на медиумите во Југоисточна Европа“, во соработка со Советот на Европа, одржа работилница на тема “Саморегулирање и корегулирање во медиумите” .

Воведени обраќања на работилницата имаа д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Лејла Дервишагиќ, раководител и програмски менаџер на Одделот за медиуми во Советот на Европа. Презентации во врска со темата имаа експертот на Советот на Европа и поранешен претседател на белгиското тело за медиуми Марк Јансен, заменик претседателот на Агенцијата за електронски медиуми во Хрватска Дамир Хајдук и раководителот на правниот Сектор во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Цветанка Митревска и Кристина Синадиновска претседател на Советот за етика на медиуми.koreguliranje 1

Имено, беа преставени концептот на саморегулирање и корегулирање во Европа (ЕУ и Советот на Европа), областите на саморегулирање и корегулирање и улогата на регулаторните тела какао и саморегулирањето корегулацијата во земјите од Југоисточна Европа и процесите на саморегулирање и корегулирање на медиумите национално ниво во Република Македонија.

Презентаците може да ги преземете во следниве линкови:

-Концепти за саморегулирање и корегулирање во европа подрачја на саморегулирање и корегулирање и улогата на регулаторните власти

Марк Јансен (Marc Janssen) Експерт на Советот на Европа, консултант во Вагнер-Хатфилд (Wagner-Hatfield), поранешен претседател на белгискиот орган за медиуми.

-Саморегулирање и корегулирање во земјите од ЈИЕ – искуства и практики

Дамир Хајдук, заменик претседател на Агенцијата за  електронски медиуми

-Саморегулирање и корегулирање на медиумите на национално ниво

Цветанка Митревска Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги