Агенцијата издаде налог за исклучување на преводите на странските програмски сервиси понудени во дигиталниот пакет

Скопје, 16.12.2014г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги направи надзор во однос на понудата на преводи на странските програмски сервиси кои се реемитуваат во дигиталните пакети на операторите на јавни електронски комуникациски мрежи. Констатирано е дека кај одредени странски програмски сервиси, во опцијата за избор на превод, покрај македонскиот и албанскиот јазик, се понудени и опции за избор на други јазици.

Согласно член 64 став 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија, наведено е дека, програмските сервиси што се реемитуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи мора да бидат титлувани на македонски јазик или на јазикот на заедницата која не е во мнозинство, а го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија.

Имајќи го ова во предвид, Агенцијата им наложи веднаш на операторите веднаш да ги отстранат опциите со понудени преводи кои се спротивни на член 64 став 2 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во опцијата за избор на преводи во дигиталниот пакет, односно да останат само преводите на македонски и/или албански јазик.

Агенцијата ќе врши мониторинг во однос на почитување на издадениот налог за исклучување и доколку констатира дека не се постапува по истиот, согласно своите законски надлежности, ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка.



Accessibility

Accessibility