Оператори кои постапија по налозите за исклучување на програмските сервиси Минимкас, National Geographic и Fox Life

Скопје, 19.12.2014г Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, изврши програмски надзор на Акционерско друштво за електронски комуникации Македонски Телеком Скопје, Трговско радиодифузно друштво Кабловска телевизија РОБИ ДООЕЛ, Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје и ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИЈА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, со цел дали наведените оператори продолжиле со реемитување на програмските сервиси Минимкас, National Geographic и Fox Life.

Констатирано е дека наведените оператори постапија во целост по издадените налози за исклучување на програмските сервиси Минимакс, National Geographic и Fox Life.



Accessibility

Accessibility