Одржана јавна расправа за три нацрт- подзаконски акти

Скопје, 22.01.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги одржа јавна расправа за следниве подзаконски акти: Нацрт – Одлука за утврдување листа со настани од големо значење за јавноста на РМ,
Нацрт – Упатство за правото на кратко известување за настани за кои се стекнати ексклузивни права за емитување и Нацрт – План за намена и распределба на капацитетите на дигитален терестеријален муктиплекс на оператор на јавна електронска комуникациска мрежа кој има обврска за емитување на програмските сервиси на радиодифузерите.

Јавната расправа се одржа со цел Агенцијата да дискутира со претставниците на радиодифузерите на државно, регионално и локално ниво, претставниците од министерства и другите релевантни субјекти за споменатите акти и да им овозможи тие да дадат мислења и забелешки, коишто Агенцијата ќе ги земе предвид при донесувањето на подзаконските акти.



Accessibility

Accessibility