Образец за известување за европски аудиовизуелни дела за 2014 г. (поднесување до 31 март 2015г.)

image_pdfimage_print

Скопје, 29.01.2015 – Сите телевизиски програмски сервиси на државно ниво кои имаат обврска да емитуваат европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти, новиот ОБРАЗЕЦ за известување треба да го достават до Агенцијата до 31 март 2015 година.

Агенцијата донесе нов (Правилник) за емитување европски аудиовизуелни дела и дела од независни продуценти, во кој е разработена обврската, која сега опфаќа и известување за дела од независните продуценти. Поради тоа, Агенцијата изработи и нов образец, а за да го олесни неговото пополнување, во средината на март 2015 година ќе организира работилница со странски експерт.



Accessibility

Accessibility