Одржана Презентација на Насоките за Управување со дигитални права

Одржана Презентација на Насоките за Управување со дигитални праваСкопје, 17.02.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 17 февруари 2015 година, организираше Презентација на Насоките за Управување со дигитални праваизработени за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На презентацијата воведни обраќања имаа директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски и тим лидерот на проектот ИПА ТАИБ 2009, Шандор Спакиевиќ.

Презентацијата се реализираше како дел на проектот ИПА ТАИБ 2009 “Јакнење на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и за медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и комбинирани услуги”. На презентацијата, експертката за авторско право и сродни права, м-р Јелена Сурчулија Милојовиќ, говореше за правната рамка за заштита на авторските и сродните права во аудиовизуелната област во услови на новото дигитално опкружување, а потоа ги претстави и Насоките за управување со дигитални права, изработени за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Одржана Презентација на Насоките за Управување со дигитални праваНа презентацијата покрај претставниците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, беа присутни и претставници од националните и регионалните телевизии, и други институции и тела надлежни за заштита на авторските и сродните права.



Accessibility

Accessibility