Скопје, 23.03.2015г. – Денес, Агенцијата согласно обврските утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржa својот прв јавен состанок за 2015 година. Состанокот го отвори д-р Зоран Трајчевски, директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На состанокот Раководителот на Секторот за координација и поддршка на работата на Директорот и на Советот на Агенција, м-р Драгица Љубевска го презентираше статусот на реализација на активностите на Агенцијата и исполнување на целите на годишната програма за работа на Агенцијата. Раководителот на Секторот за стратешко планирање и авторски права м-р Магдалена Давидовска – Довлева и Раководителот на Сектор за информатичка поддршка и општи работи ги презентираа резултатите од стручниот надзор на којшто беше спроведен во февруари оваа година, а со цел да се провери дали радиодифузерите коишто ги заменија дозволите, но и оние коишто добија нови дозволи за телевизиско емитување ги исполнуваат техничките, просторните и кадровските услови, согласно Правилникот за минимални просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.
Агенцијата, во рамките на подготвувањето на поширока програма за промоција на медиумската писменост изработи План за популаризирање на правото на одговор и исправка, чија цел е да се подигне свеста на граѓаните и правните лица за можноста да исправат неточна информација, како и да ги заштитат својата чест и углед користејќи го механизмот кој им го дава Законот за медиуми, како и давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги подобро да се запознаат со нивните обврски и права при објавување одговор и исправка. Подетален осврт на оваа тема имаше раководителот на Одделението за човекови права и медиумска писменост, м-р Емилија Петреска Камењарова.
Презентациите може да ги преземете на следниве линкови:
м-р Драгица Љубевска
Спроведување на Годишната програма за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
м-р Магдалена Давидовска Довлева
м-р Арбен Саити
м-р Емилија Петреска Камењарова