Скопје, 24.04.2015г. – Светскиот ден на интелектуалната сопственост е основан од страна на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO)
во 2000 година со цел „да се подигне свеста за тоа како патенти, авторски права, трговски марки и дизајни влијаат врз секојдневниот живот“ и „да се прослави креативноста, како и придонесот на творци и иноватори во развојот на општествата низ целиот свет“. Како датум за светскиот ден на интелектуалната сопственост беше избран 26 април бидејќи тоа се совпаѓа со датумот на кој Конвенцијата за основање на светската организација за интелектуална сопственост стапи во сила во 1970 година. Од тогаш, светскиот ден на интелектуална сопственост понуди единствена можност секоја година да се приклучат другите од целиот свет и да се разгледа како интелектуалната сопственост придонесува за процутот на музиката и уметноста и за развојот на технолошките иновации што помага во оформување на нашиот свет.
Оваа година темата е – Стани, застани. За музиката.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го честита Светскиот ден на интелектуалната сопственост и им препорачува на сите медиуми, доколку се во можност, да го одбележат овој ден, со фокусирање на значењето на музиката, која е еден уникатен и возвишен начин на изразување и подигање на интелектуалноста кај човекот.