Соопштение за јавноста

Скопје, 07.05.2015г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува физичките напади врз главната уредничка на весникот “Вечер“ и снимателите на ТВ Сител и кршењето на просториите на РА Слободна Македонија.

Во контекст на настаните од последниве денови, Агенцијата повикува да се почитува правото на медиумските работници слободно и непречено да ги извршуваат своите професионални обврски со оглед на тоа што слободата на информирање и правото на слободен прием и пренесување на информации се едни од темелните вредности на едно демократско општество.



Accessibility

Accessibility