Скопје, 01.06.2015г. – На завршна Конференција, со презентирање на резултатите и придобивките од ИПА ТАИБ 2009, проект на Европската Унија посветен на „Зајакнување на административните капацитети на регулаторните тела за телекомуникации и медиуми, за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски сервиси“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ги заокружи сите предвидени активности, согласно овој проект.
Добредојде на присутните на Конференцијата упати г-дин Клауке, од Делегацијата на ЕУ, кој го искажаа задоволството од спроведениот проект и резултатите и вредностите кои произлегоа од него. Поздравен говор одржа, г-ѓа Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, која се заблагодари на сите вклучени страни во проектот, кој е во корелација со стратегијата за развој на електронските комуникации на РМ и ја потенцираше одличната соработка помеѓу Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и АЕК. Од аспект на зајакнување на административните капацитети на регулаторното тело задолжено за телекомуникации, свое излагање имаше Директорот на АЕК г-дин Роберт Орданоски, кој ja истакна амбициозноста со која го започнале проектот, како и реализираните и имплементирани активности.
Сублиматот од придобивките, значењето и вредноста за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои произлегоа од реализацијата на овој проект, беа презентирани од страна на д-р Зоран Трајчевски, Директор на АВМУ, кој ги образложи поединечно сите активности, анализи и истражувања, почнувајќи од имплементацијата на системот за управување со квалитет, изработената Методологија за спроведување на анализи на медиумските пазари, од која произлезе анализата на пазарот во конвергирано опкружување, по однос на методологијата од ЕУ, за конвергентни медиуми; Студијата, која дава преглед на регулаторните мерки и иницијативи, кои во моментов се воспоставени на европско ниво; Анализата на постојната ситуација во земјата, во однос на заштитата на авторските и сродните права, земајќи го предвид, развојот на новите технологии и интернетот и нивното влијание, врз заштитата на дигиталната содржина. При тоа потенцираше дека, новата Директива за аудиовизуелни медиумски сервиси, бара од регулаторите да поттикнуваат активности за усвојување саморегулаторни акти во посебни области, поради што е спроведена Анализа за саморегулација и корегулација, каде се детектирани областите на саморегулација и корегулација во земјата, кои можат да бидат подржани од страна на АВМУ и како комплементарна форма на регулацијата.
Беше спомената и Нацрт програмата, која беше развиена за поттикнување на медиумската писменост во РМ.За делот од проектот, кој беше посветен на секундарната легислатива, додаде дека проектот ја даде потребната поддршка во изготвување на 12 подзаконски акти, во однос на класификација на видовите програми; определувањето на форматите на програмските сервиси; по однос на донесување на настани од големо значење и многу други.
Конференцијата ја затвори г-дин Војислав Милошевиќ, директор за имплементација во Европска Консалтинг Група -компанија која го имплементираше овој проект, кој го појасни тековниот процес и ја нагласи важноста од спроведување на вакви и слични проекти.