Агенцијата ја усвои Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост

Скопје, 18.06.2015 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 21-та седница одржана на 18.06.2015 година ја усвои Програмата за обезбедување достапност до медиумите на лицата со сетилна попреченост. Оваа програма содржи активности и мерки кои АВМУ треба да ги преземе во текот на 2016, 2017 и 2018 година за да промовира подобар пристап за лицата со оштетен вид и слух до програмите кои ги нудат давателите на аудиовизуелни медиумски услуги во Македонија.

Програмата е креирана во рамките на проектот „Зајакнување на административните капацитети на телата задолжени за областите телекомуникации и медиуми за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќенаменски услуги“, финансиран од страна на Европската комисија според ИПА рамката.

Програмата и добиените мислења и коментари по Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост и ставот на Агенцијата може да ги преземетена следниве линкови:

Програма за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост.

Добиени мислења и коментари по Нацрт – програмата за обезбедување достапност до медиумите на лица со сетилна попреченост и ставот на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility