Во Будва одржан регионален состанок на регулаторните тела, посветен на унапредување на заштитата на малолетниците во риалити програмите

07.07.2015– Со поддршка на Советот на Европа, претставниците на Регулаторната агенција за комуникации на Босна и Херцеговина, Агенцијата за електронски медиуми на Црна Гора, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Македонија и на Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија, на 6 и 7 јули одржаа состанок во Будва посветен на унапредување на соработката во областа на заштитата на малолетниците.

Учесниците на состанокот, заедно со експертите од Словенија и Хрватска, разменија искуства поврзани со регулацијата во оваа област, со посебен акцент врз распоредувањето и означувањето на риалити програмите кои се сé повеќе застапени во понудата на телевизиите во овие земји.

Беше истакната подготвеноста за продолжување на соработката со цел заштита на малолетниците во електронските медиуми, со посебен осврт на превенцијата на кршење на стандардите, унапредување на мониторингот на содржините и координација на активностите.

Советот на Европа ќе ги поддржи понатамошните активности насочени кон јакнење на регионалната соработка и примената на меѓународните стандарди



Accessibility

Accessibility