Обука за радиодифузери за правилата за изборно медиумско претставување

image_pdfimage_print

Скопје, 16.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 15 до 19 февруари 2016 година ќе одржи шест работилници за регионалните, локалните и националните  радиодифузери во Република Македонија, вклучувајќи го и јавниот радиодифузен сервис.Радиодифузерите ќе бидат запознаени со обврските кои произлегуваат за нив од Изборниот законик, како и со Методологијата согласно која Агенцијата ќе го реализира мониторингот на медиумското изборно претставување.

Обуките ќе се реализираат по следниов редослед:

– 15.02.2016г. во Тетово за регионалните и локалните РА и ТВ на подрачјето на Тетово, Гостивар, Пласница, Ростуше(Жировница), Кичево;

– 16.02.2016г. во Охрид за регионалните и локалните РА и ТВ на подрачјето на Охрид, Струга, Дебар, Битола, Прилеп, Долнени;

– 17.02.2016г. во Штип за регионалните и локалните РА и ТВ на подрачјето на Кавадарци, Неготино, Валандово, Гевгелија, Штип, Берово, Делчево, Кочани, Свети Николе, Виница, Пехчево, Пробиштип, Струмица, Радовиш;

– 18.02.2016г. во Скопје за националните РА и ТВ;

– 19.02.2016г. во Скопје за РА и ТВ сервиси на Јавниот радиодифузен сервис и за регионалните и локалните РА и ТВ на подрачјето на Скопје, Куманово, Кратово, Велес.



Accessibility

Accessibility