Агенцијата одржа шест обуки за правилата за изборно медиумско претставување

Скопје, 19.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во периодот од 15 до 19 февруари 2016 година, одржа шест обуки за националните, регионалните и локалните радиодифузери во Република Македонија, како и за Јавниот радиодифузен сервис. Целта на обуките беше ТВ и радио програмските сервиси да се информираат за правилата за изборно медиумско претставување.Работилниците се реализираа во Тетово, Охрид, Штип и Скопје и на нив, претставниците на медиумите имаа можност да се запознаат со обврските кои произлегуваат за нив од Изборниот законик, како и со Методологијата согласно која Агенцијата ќе го реализира мониторингот на медиумското изборно претставување. На секоја од обуките, на присутните подетално им беа објаснети целите на мониторингот, различните обврски што радиодифузерите ги имаат во периодите пред почетокот на изборната кампања, за време на изборната кампања и за време на изборниот молк, како и начините на кои тие се мониторираат.

За медиумските работници од Јавниот радиодифузен сервис се одржа посебна обука која беше надополнета и со обврските од Правилата за медиумско покривање на изборни процеси (за рамномерно политичко медиумско претставување) кој МРТ ги донесе согласно обврската од Изборниот законик.

Презентациите од обуките за правилата за изборно медиумско претставување можете да ги преземете на следните линкови:

Избори 2016: Мониторинг за изборно медиумско претставување – обука за радиодифузери

– Видео запис од Обуката за радиодифузери може да се погледне на следниот линк

Избори 2016: Мониторинг за изборно медиумско претставување – обука за МРТ



Accessibility

Accessibility