ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВАЖАТ СЕКОГАШ

image_pdfimage_print

Скопје, 24.02.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште еднаш ги поттикнува медиумите сериозно и доследно да ги почитуваат професионалните стандарди и принципи, целосно свесни за важната улога што ја имаат во процесот во кој граѓаните на едно демократско општество треба слободно да ги формираат своите ставови за сите општествено – политички прашања врз основа на вистинити и објективни информации и различни гледишта.Барањата за правичност, непристрасност и за баланс во известувањето не се однесуваат само на периодот на изборниот процес – тоа е само поинаков начин да се формулира начелото за објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења. Ова начело, не само што е пропишано со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, туку е општоважечки професионален стандард во сите демократски општества и неопходен предуслов за извршување на новинарската професија.

Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, но и печатените медиуми и интернет порталите, и нивните сопственици, да направат јасна разлика меѓу деловниот, политичкиот и приватниот интерес од една страна и професионалното известување од друга страна и да им овозможат на сите медиумски професионалци независно и непречено да ја работат својата работа.



Accessibility

Accessibility