Првиот јавен состанок за 2016 година Агенцијата го посвети на професионалните новинарски принципи

Скопје, 25.03.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во согласност со Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа првиот јавен состанок за 2016 година.[…]

ОБИД ЗА ПРИТИСОК ВРЗ АГЕНЦИЈАТА ОД СТРАНА НА ТВ КАНАЛ 5

Скопје, 18.03.2016г. – ТВ Канал 5 писмено одговори на Извештајот на Агенцијата во кој се констатира дека со содржините од неколку изданија на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, Телевизијата ја прекрши забраната за говор на омраза од член 48 на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во својот допис, ТВ Канал 5, освен што покажува непознавање на медиумската регулатива, се обидува да изврши притисок врз регулаторното тело да не го спроведува Законот. Текстовите, и на дописот од ТВ Канал 5 и на одговорот од Агенцијата, следат во прилог.[…]

Агенцијата се здоби со сертификатот ИСО 9001:2008

Скопје, 17.03.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го заокружи процесот на воведување и имплементација на ИСО 9001:2008 стандардот во своето работење, Стандардот е показател за квалитетот во работењето на институцијата и со неговата примена значително се подобрува ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси, се создавапократок циклус на извршување на активностите ипоефективно се користат ресурсите.[…]

Радиодифузерите треба да достават годишен извештај за исполнување на обврските од дозволата за радио или ТВ емитување

Скопје, 15.03.2016 година – Законот за медиуми (член 15 став 5) ги обврзува медиумите најдоцна до 31 март во тековната година, до регулаторот да достават писмен извештај за спроведување на обврските од дозволата за радио или телевизиско емитување, а особено за спроведувањето на програмскиот концепт. Во прилог на извештајот се доставува и информација за техничките средства за емитување или реемитување на програмските сервиси во Република Македонија или надвор од неа.[…]

Доспева обврската за доставување извештај за вкупен приход

Скопје, 14.03.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите oператори кои реемитуваат програмски сервиси и давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека согласно член 142 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се должни најдоцна до 15 март 2016 година, до Агенцијата, да достават извештај за вкупниот годишен приход во 2015 година, остварен со реемитување на програмски сервиси или со обезбедување на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.[…]

РАЗЛИЧЕН ОДНОС КОН ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ПРВИТЕ 10 ДЕНА ОД ПРЕДИЗБОРИЕТО

Скопје, 28 април 2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во Извештајот за медиумското претставување во првите десет дена по распишувањето на изборите, констатира дека дел од медиумите не ги почитуваат програмските начела за објективно и непристрасно прикажување на настаните,[…]

Говор на омраза на Канал 5 Телевизија

Скопје, 09.03.2016г. – Агенцијата, со вонреден надзор на неколку по ред изданија на емисијата „Миленко Неделковски шоу“, констатираше дека ТВ Канал 5 го прекрши член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со тоа што последователно носи уреднички одлуки да му овозможи на авторот на емисијата да поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација.[…]



Accessibility

Accessibility