Доспева обврската за доставување извештај за вкупен приход

image_pdfimage_print

Скопје, 14.03.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува сите oператори кои реемитуваат програмски сервиси и давателот на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека согласно член 142 став 3 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, се должни најдоцна до 15 март 2016 година, до Агенцијата, да достават извештај за вкупниот годишен приход во 2015 година, остварен со реемитување на програмски сервиси или со обезбедување на аудиовизуелни медиумски услуги по барање.

За неисполнување на оваа обврска, се предвидени глоби од 5.000 до 10.000 евра во денарска противредност за правното лице и од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице.



Accessibility

Accessibility