АКРЕДИТАЦИЈА НА НОВИНАРИ ЗА ОЛИМПИСКИТЕ И ПАРАОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО БРАЗИЛ 2016г.

Скопје, 14.04.2016г. – До Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, преку МНР на Република Македонија, пристигна допис од Амбасадата на Федеративна Република Бразил во Софија за акредитација на новинари за користење на услугите од Рио Медиа Центарот (РМЦ) за време на претстојните Олимписки и Параолимписки игри во Рио де Женеиро, 2016 година.

Од Амбасадата информираат дека Рио Медиа Центарот (РМЦ) е отворен за регистрација на сите новинари од светот кои ќе ги следат Олимписките игри од 01 до 22 август 2016 година, како и Параолимписките игри од 05 до 19 септември 2016 година, без оглед дали се акредитирани од Меѓународниот олимписки комитет.

Крајниот рок за регистрација на новинарите е 29 април 2016 година, а апликацијата може да се пополни на Англиски, Португалски и Шпански јазик на следнава веб страна www.riomediacentar.com.br.credenciamento

Дописот од Амбасадата на Федеративна Република Бразил во Софија, во кој има детали за капацитетот и услугите на РМЦ во Рио де Женеиро може да се погледне на следниот линк



Accessibility

Accessibility