ДА СЕ ОВОЗМОЖИ НОВИНАРИТЕ НЕПРЕЧЕНО ДА ИЗВЕСТУВААТ

Скопје, 14.04.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува насилството врз новинарите за време на вчерашните протести и смета дека ваквите чинови се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

Ги повикуваме сите страни инволвирани во протестите да ги остават новинарите непречено да ја извршуваат својата работа, која е од исклучителна важност во вакви значајни општествено-политички мигови.

Истовремено, очекуваме новинарите и медиумите да покажат професионална одговорност и да ги почитуваат новинарските принципи и стандарди при известувањето.



Accessibility

Accessibility