Скопје, 15.04.2016 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот врз Радио Слободна Македонија за време на вчерашните протести.
Правото на протест е уставно загарантирано, но исто така, фундаментален предуслов за демократско општество е правото на слобода на прием и пренесување информации. Затоа уште еднаш апелираме да не се попречува работата на медиумите и медиумските професионалци.