1

Извештаи за почитувањето на обврската за емитување европски аудиовизуелни дела

Скопје, 18.04.2016 година. – Агенцијата ги направи извештаите од програмскиот надзор за почитувањето на годишната обврска за емитување европски аудиовизуелни дела од страна на Јавниот радиодифузен сервис и на радиодифузерите од општ формат што емитуваат програма на државно ниво. Обврска за емитување европски аудиовизуелни дела во 2015 година имаа 12 програмски сервиси

(МРТ1, петте телевизии што емитуваат програма преку дигитален терестријален мултиплекс, петте телевизии што емитуваат програма преку сателит, и една од телевизиите што емитуваат програма преку кабел). Надзорот е направен врз основа на примерок од 4 седмици во 2015 година. Во продолжение се извештаите за Јавниот радиодифузен сервис и за 9 комерцијални телевизии. Сите тие ја исполнија обврската за емитување европски аудиовизуелни дела во 2015 година. За Наша ТВ и за ТВ АРТ се уште се обработуваат податоците.

Извештаите од извршениот надзор можат да бидат преземени во следните линкови:

ТВ 24 Вести ДООЕЛ Штип

ТВ Канал 5 ДООЕЛ Скопје

ТВ Сител ДООЕЛ Скопје

ТВ Алсат – М ДОО Скопје

Македонска радиотелевизија (МРТ 1)

ТВ Сител 3 ДООЕЛ Скопје

ТВ Телма ДООЕЛ Скопје

ТВ Алфа ДООЕЛ Скопје

ТВ Сонце ДООЕЛ Прилеп

ТВ Канал 5 плус ДООЕЛ Скопје