Скопје, 29.06.2016г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на добиен допис од страна на Министерството за култура, Националната комисија за УНЕСКО, ги информира сите медиуми и медиумски организации дека Меѓународната програма за развој на комуникациите (IPDC) отвори циклус за доставување нацрт – проекти за развој на медиумите, за областите наведени во прилогот кон овој допис.
За таа цел потребно е најдоцна до 4.07.2016 година да се презентираат идеите за проекти врз основа на кои, доколку бидат усвоени, ќе треба да се подготват нацрт – проекти најдоцна до 30.09.2016 година. Предложените проекти можат да побараат поддршка помеѓу 10,000 и 35,000 американски долари.
Повикот заедно со прилогот можете да го преземете на следниот линк:
Информација за Меѓународната програма за развој на комуникациите (IPDC)