РАДИОДИФУЗЕРИТЕ ТРЕБА СЕКАДЕ ДА ЕМИТУВААТ ИСТ ПРОГРАМСКИ СЕРВИС

image_pdfimage_print

Скопје, 24.06.2016 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе програмски надзор со кој направи споредба на програмата што ја емитува Радио Канал 77 во Скопје, Битола и во Штип и констатираше дека во различните подрачја постои разлика во обемот и во составот на некои од рекламните блокови, додека составот на музиката и содржината на емисиите – новинарски обликуваните целини, е идентичен.

Секој радиодифузер, со доделувањето дозвола од страна на Агенцијата, стекнува право да го емитува програмскиот сервис на подрачјето за кое е издадена дозволата. Програмскиот сервис пак, законски е дефиниран како целина од програми и други елементи (како на пример рекламите) на една единствена аудио или аудиовизуелна медиумска услуга што ја обезбедува конкретен радиодифузер, а е наменета за прием од страна на јавноста. Оттаму, ниту еден радиодифузер не може да емитува различна програма во различни региони.

Агенцијата го извести Радио Канал 77 дека треба на целата територија на Република Македонија да емитува идентичен програмски сервис (вклучувајќи ги и рекламите), што треба да го стори најдоцна во рок од 45 дена.



Accessibility

Accessibility