Скопје, 26.08.2016 година – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 29-та седница, донесе одлука за доделување на финансиска помош – донација за санирање на последиците од поплавите во Скопскиот регион, во износ од 1.000.000 денари.
Предвидените средства за донација ќе се издвојат од финансиските средства на Агенцијата, остварени во 2016 година, а ќе се спроведат преку Црвениот крст на Република Македонија, на посебна наменска сметка – Фонд за солидарност.