Од утре започнува мониторингот на изборното медиумско претставување

image_pdfimage_print

Скопје, 01.09.2016 година  – Советот на Агенцијата на денешната 30-та седница, во согласност со Договорот меѓу четирите најголеми парламентарни политички партии од 31 август 2016 година, одлучи да ја укине Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, донесена на 26.08.2016 година. Методологијата беше подготвена во согласност со последните измени на Изборниот законик од август оваа година.

Мониторингот на изборното медиумско претставување кој започнува од 2-ри септември, ќе се врши според Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси. Оваа Методологија која беше донесена во јануари 2016 година, е генерален документ кој важи за сите избори – претседателски, парламентарни и локални.

Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси е достапна на следниот линк

Одлуката на Советот на Агенцијата со која се укинува Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во 2016 година, може да се погледне на следниот линк



Accessibility

Accessibility