Поднесено барање за поведување прекршочна постапка за МРТ1

Скопје, 09 септември 2016г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по поднесениот предлог од Привремената комисија за следење на медиумското претставување поднесе барање за поведување прекршочна постапка во која судот ќе изрече прекршочна санкција – опомена против Првиот телевизиски програмски сервис на Македонската радиотелевизија.

Прекршувањето се состои во тоа што на програмата на МРТ1, во периодот од 2 до 5 септември 2016 година, спротивно на член 75-д став 4 од Изборниот законик, се емитувани реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија.

Предлогот за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување и извештајот за извршен надзор (мониторинг) врз Прв програмски сервис – МРТ1 може да се погледнат на следниве линкови:

 Предлог за постапување од Привремената комисија за следење на медиумското претставување

– Извештај за извршен надзор (мониторинг) врз Прв програмски сервис МРТ 1   



Accessibility

Accessibility