Билатерална средба помеѓу регулаторните тела на Република Бугарија и Република Македонија во Софија

Скопје, 15.09.2016г. – Делегација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од 14 до 17 септември е во службена посета на Советот за електронски медиуми – ЦЕМ на Република Бугарија. Целта на посетата е споделување на меѓусебни искуства во повеќе сегменти, меѓу кои мониторинг за време на изборни циклуси, и размена на гледишта околу реалните шоу програми, заштита на малолетната публика, рекламирање.

Претставниците на Агенцијата, денес остварија средба и со Комисијата за медиуми и култура во Парламентот на Република Бугарија. Пратениците имаа можност да се запознаат со законските одредби и процесот на издавање дозволи за радиодифузерите во Република Македонија.

Во рамки на престојот, во Советот за електронски медиуми на Република Бугарија, Агенцијата ќе одржи работилница за спецификите и спроведувањето во пракса на мониторингот на медиумите за време на изборните процеси во Република Македонија. Прашања од интерес за бугарскиот регулатор се насочени и кон споделување на искуствата за процесот на дигитализација на медиумите и негова имплементација во Република Македонија.

Двете страни констатираа дека има простор за унапредување и продлабочување на соработката, посебно за заеднички прашања од интерес.



Accessibility

Accessibility