Соопштение за јавност за изборниот мониторинг во првите десет дена

Скопје, 20.09.2016г. – Мониторингот на медиумите во периодот од 2 до 11 септември 2016 година покажа дека изборот на темите главно беше диктиран од општествени настани кои се од интерес за граѓаните, заклучи Привремената комисија за следење на медиумското претставување. Информативните изданија на медиумите беа главно неутрални, а медиумите се обидоа да обезбедат ставови од повеќе извори со цел презентирање на јавноста на различни гледишта. Во овој период медиумите се обидоа да ги издвојат новинарските жанрови, извештај од коментар/осврт,
со цел, јавноста да може јасно да разликува што е информација за настан, а што коментар/став за одреден настан, тема. Укажуваме дека медиумите во иднина треба да ги почитуваат и применуваат стандардите за новинарски жанрови и јасно да ги означуваат коментарите. Привремената комисија за следење на медиумското претставување им укажува на медиумите да ја избегнат појавата на поистоветување на државата со партијата. Истовремено, Привремената комисија за следење на медиумското претставувањеги охрабрува медиумите да го задржат приближниот квантитативен и квалитативен баланс при известувањето и им укажува дека почитувањето на членот 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е предуслов за професионално вршење на работата. Привремена комисија за следење на медиумско претставување



Accessibility

Accessibility