Скопје, 23.09.2016г. – Денес во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги претставници на Агенцијата одржаа средба со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.
Фокусот на посетата беше во насока на мониторингот на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските сервиси за време на изборните процеси и улогата на регулаторното тело за време на изборните процеси.
Двете страни се согласија дека ваквата соработка треба да се унапредува и продлабочува и во иднина.